Учество на 18-от состанок на Подкомитетот за Внатрешен пазар и конкуренција, Поглавје 3 – „Право на основање и слобода на давање услуги“ – 3.3.Поштенски услуги
На 26.04.2023 година во Скопје, се одржа 18-от состанок на Поткомитетот за Внатрешен пазар и конкуренција, Поглавје 3 – „Право на основање и слобода на давање услуги“ – 3.3.Поштенски услуги, на кој учествуваа директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска.
На состанокот во рамките на сесијата за Поштенските услуги, беа дадени одговори за постигнатиот напредок во делот на усогласување на националното законодавството со Регулативата за меѓународна достава на пакети 2018/644 на ЕУ, изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, воведување на системот за посебно сметководство од страна на давателот на универзалната услуга, мерење на квалитетот на поштенските услуги, како и за активностите кои се преземени во насока на реализација на претстојната TAIEX мисија.