20-ти Јавен состанок на Агенцијата за пошти

 

Почитувани,

Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 20-иот Јавен состанок, кој ќе се одржи на 23.05.2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во Хотел „Мериот“ во Скопје.

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Јавниот состанок ќе го има следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање;
  2. Статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2022 година;
  3. Реализирани и планирани активности за 2023 година.

Во прилог е Агендата за настанот.

 

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следната е- маил адреса [email protected]  или телефонски на 3 212-107, најдоцна до 22.05.2023 година  (понеделник).