Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, бр.150/2021 и 227/2022) и член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2023 година бр. 01-276/1 од 20.12.2023 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје. Предмет на вршење на надзорот беше обезбедување на поштенските услуги согласно Законот за поштенските услуги и актите донесени врз основа на овој закон. Не беа констатирани прекршоци.