Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенција за пошти и Институт за стандардизација на Република Северна Македонија

Денес, во просториите на Агенцијата за пошти директорката на Агенцијата за пошти, м-р Билјана Аврамоска Ѓореска и директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, м-р Џеват Кицара склучија Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Со потпишување на овој Меморандум, двете институции ја изразија подготвеноста за меѓусебна соработка во сите сегменти од делокругот на работење за кои постои национален и заеднички интерес, раководејќи се од националните законски акти во областа на стандардизацијата и во областа на поштенските услуги и регулација на пазарот на поштенски услуги, како и од европските и меѓународно прифатените принципи и препораки.

Агенцијата за пошти и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, ќе превземаат заеднички активности од делокругот на своето работење, со цел зголемување на конкурентноста на македонската економија. Истовремено, двете институции ќе се залагаат за хармонизирање на политиката за прашања од општ интерес, а особено политиката за поддршка на националната стратегија за примена на европското техничко законодавство, стандарди и европската пракса.

Image
memo 1
Image
memo2
Image
memo3