Агенцијата за пошти во соработка со Царинската Управа спроведе вонреден надзор над давател на поштенски услуги

Вонреден надзор на давателите

Согласно член 73 и 76 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти  во соработка со Царинската Управа спроведе вонреден надзор со предмет: спроведување на член 41 став 1 од Законот за поштенските услуги врз давателот на поштенски услуги ПНЛ ТРАНСЛОГ ДООЕЛ Скопје.

За спроведениот вонреден надзор, беше составен Записник за извршен надзор со УПI бр.02-138 од 13.07.2023 година и не беа констатирани прекршоци.