Донесена Стратегија за управување со ризици

Стратегија

Донесувањето на Стратегија за управување со ризици на Агенцијата за пошти е предвиденo во Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година и Стратешкиот план на Агенцијата за пошти за периодот 2022-2024 година. Стратегијата е во тесна корелација со Политиката за интегритет, Стратегијата за спречување на корупција и судир на интереси 2022-2024 година и Годишниот план за проценка на ризици од корупција на Агенцијата за пошти од 2023 година.

Имплементацијата на Стратегијата ќе придонесе за намалување на ризиците од корупција и ќе го зајакне не само интегритетот на Агенцијата, туку ќе ја зголеми и нејзината способност за извршување на доделените функции и надлежности.

 

Стратегија за управување со ризици за период 2023 - 2025 година