Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ДЕЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ Скопје

Nadzor 12.09.23

Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, бр.150/2021 и 227/2022) и член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година бр. 01-276/1 од 20.12.2023 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај давателот на поштенски услуги: ДЕЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ Скопје.

Надзорот го опфати спроведувањето на член 41 од Законот за поштенските услуги, како и спроведувањето на другите подзаконски акти и правата и обврските имплементирани во Општото овластување за обезбедување на поштенски услуги.

За спроведениот надзор беше изготвен Записник УП I бр. 02 – 141 од 12.09.2023 година, и не беа констатирани прекршоци.