Агенцијата за пошти ја одбележа „Европската недела на мобилност”
Во рамки на „Европската недела на мобилност”, Агенцијата за пошти учествуваше на активностите кои се спроведоа во рамкте на кампањата - која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Оваа година, темата е Save energy! - Заштедете енергија! која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз енергетската и мобилна сиромаштија.
Со ова вработените на Агенција за пошти упатија силна порака дека треба да се користат алтернативни форми на мобилност како што се пешачењето, велосипедизмот и сл., треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
![ap7](/sites/default/files/2023-09/ap%207.jpg)
![ap10](/sites/default/files/2023-09/ap%2010.jpg)
![ap1](/sites/default/files/2023-09/ap1.jpg)
![ap4](/sites/default/files/2023-09/ap4.jpg)
![ap6](/sites/default/files/2023-09/ap6.jpg)
![ap8](/sites/default/files/2023-09/ap8.jpg)
![ap9](/sites/default/files/2023-09/ap9.jpg)