ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 09.11.2023 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за меѓународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје.
Со Решение од 06.11.2023 година, Агенцијата за пошти го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје, поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45 став 4 и став 7 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје работеше во внатрешен поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија од 24.07.2019 година до 06.11.2023 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под број УП I бр.02-51.