Издадено Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги на БОХ ПОСТ ДОО Скопје
Агенцијата за пошти, врз основа на член 39 став 7 и член 44 став 5 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022) по нотификацијата УПI бр.02-145 поднесена од Друштво за промет и услуги БОХ ПОСТ ДОО увоз-извоз Скопје, на ден 06.11.2023 година, издаде Општо Овластување за обезбедување поштенски услуги во внатрешен сообраќај Уп I.бр. 02-145 на Друштвото за промет и услуги БОХ ПОСТ ДОО увоз-извоз Скопје.
Давателот на поштенски услуги БОХ ПОСТ ДОО Скопје, на целата територија на Република Северна Македонија од ова Општо овластување има право да обезбедува поштенски услуги во сите фази- прием, пренос, сортирање и дистрибуција, за:
- поштенски пратки до и над 2 килограми:
- услуги за обични писма;
- препорачани услуги за писма;
- услуги за писма со означена вредност;
- експресни услуги за писма;
- курирски услуги за писма и
- достава – лично на рака
- пакети до и над 10 килограми:
- препорачани услуги за пакети;
- услуги за пакети со означена вредност;
- експресни услуги за пакети;
- курирски услуги за пакети и
- други поврзани услуги за пакети,
Сите под условите од ова Општо овластување, а во согласност со Законот за поштенските услуги и прописите донесени врз основа на тој закон.