Одбележан јубилејот „15 години од основање на Агенцијата за пошти“

15

На 10 ноември 2023 година, Агенцијата за пошти го одбележа својот јубилеј „15 години од основање на Агенцијата за пошти“.

Агенцијата за пошти е основана во 2008 година, како независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги и веќе 15 години се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на поштенски услуги, со цел да ги заштити правата на корисниците и да овозможи конкуренција во областа на поштенски услуги според објективни, транспарентни и недискриминаторски услови.

На свеченоста присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Горан Мисовски, министерот за транспорт и врски, г-дин Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа, г-дин Ристо Пенов, пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Моника Зајкова, членовите на Комисијата на Агенција за пошти, претставници од извршната и законодавната власт, регулаторните тела и институциите со кои соработува Агенцијата за пошти, претставници на давателите на поштенски услуги, како и други поканети гости.

Во своето поздравно обраќање, потпретседателот Мисовски истакна дека Собранието на Република Северна Македонија, има исклучителна чест да биде до Агенцијата на овој пат како основач на Агенцијата за пошти и согласно тоа и надлежен орган пред кој Агенцијата одговара за својата работа, за извршените активности и за финансиските планови. Важно е што и покрај тоа што Агенцијата за пошти е самостојно и непрофитно правно лице кое врши работи од јавен интерес, законските функции и надлежности да рефлектираат со одговорност, објективност и јавност. Уште поважно е при регулирањето на начинот на давањето на услугите, да водите сметка да ја стекнете и да ја одржите довербата на граѓаните кои ги користат поштенските услуги. При тоа, секогаш имајќи го на ум фактот дека вие сте медиумот преку кој ги праќаат, добиваат, пренесуваат убавите желби, вредните подароци, понекогаш среќните а понекогаш тажните вести. Бидете добар чувар на таа нивна доверба и секогаш трудете се уште повеќе да ја зацврстите и да ги унапредите процесите држејќи чекор со современите текови во пазарот на поштенските услуги. Нека заштитата на корисниците на услугите ви биде секогаш на прво место, како додадена вредност на вашите напори за промоција на конкурентноста на пазарот на поштенски услуги. Бидете видливи, нека бидат корисниците секогаш информирани за нивните права и очекувања“– истакна потпретседателот Мисовски.

Пред присутните се обрати и министерот за транспорт и врски, г-дин. Благој Бочварски кој честитајќи го јубијелот, меѓудругото, истакна дека активно се работи на изработка на нов закон за поштенски услуги и кој се очекува да биде во владина процедура во текот на оваа година.Во истиот тој закон ја вградуваме и регулативата која се однесува на прекугранична достава на пакети. Нашата цел е да создадеме ефикасна и ефективна законска регулатива која сите чинители на пазарот на поштенски услуги ќе може да ги вгради за да ги обезбедат своите права и обврски на пазарот и пред граѓаните. Како Влада имаме обврска да создадеме поштенска дејност кој ќе обезбеди достапни, сигурни, ефикасни и прифатливи услуги за сите корисници, притоа ставајќи посебен акцент на иновација и развој на нови модерни поштенски услуги и сервиси, подобрување на квалитетот и употреба на нови технологии, заштита на интересите на корисниците. Токму од овие причини, би сакал да упатам апел до сите оператори да продолжат активно да работат на своите цели и стратегии, а во насока на подобрување на квалитетот, ефикасноста и пристапноста на поштенските услуги на сите граѓани“ - додаде министерот Бочварски.

Преку видео обраќање честитки за јубилејот упати и заменикот на генералниот директор на Светскиот Поштенски Сојуз, г-дин Марјан Освалд кој истакна дека „Агенцијата за пошти е успешна институција која ги следи поштенските трендови и е присутна на меѓународните настани, додавајќи дека нема успешно општество без успешни поштенски услуги“.

Линк кон видео:https://youtu.be/gHvnfllXz50

Свое  излагање имаше и директорката на Агенција за пошти, г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска, која за говореше за постигнувањата на Агенцијата за пошти во изминатите 15 години. „ Основната идеја за основањето на регулаторот е втемелена во првата поштенска директива на Европскиот парламент и совет од 1997 година, што значеше обврска за државата за именување национално тело за поштенскиот сектор кое ќе го регулира пазарот на поштенски услуги и тело кое ќе биде законски одделно и независно од друг државен орган и поштенските оператори. Секој период има свои предизвици, но некои имаат историска важност. Агенцијата е формирана со Законот за поштенски услуги кој е донесен на 4 јануари 2008 година. Веднаш потоа Собранието во февруари истата година ги избра членовите на Комисијата, а Агенцијата во Централниот регистар е запишана во јули 2008 година кога е избран и првиот Директор. На денешен ден во 2008 година Агенцијата стана оперативна со вработувањето на првите 4 службеници.Првата индивидуална дозвола за обезбедување на универзалната услуга е издадена на 12.12.2008 година на тогаш АД Македонска пошта, и беа издадени и 7 одобренија на приватни субјекти за обезбедување на поштенски услуги, од кои 5 сеуште активни и етаблирани на поштенскиот пазар.Веќе 15 години, Агенцијата за пошти стои цврсто на заложбите за одржување на кохерентен правен систем на пазарот на поштенски услуги. Денес, Агенцијата за пошти има значителен број на донесени стратешки документи, анализи кои се однесуваат на развој на поштенскиот пазар, висок степен на реализирани активности, има богата статистичка база – која е збогатена со извештаи кои ги објавуваме двати годишно и на тој начин направивме сериозен исчекор отстапувајќи од вообичаената европска практика тоа да се прави на крајот на година, се со цел да развиеме подобар систем на регулација врз основа на расположливите статистички податоци и за да создаваме соодветни политики кои ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за поштенскиот сектор. Горди сме на постигнатите резултати и воедно спремни сме да опстоиме и да се справиме со сите идни предизвици. Продолжуваме со отпочнатите проекти и реформи во нашиот делокруг на работење, на тој начин придонесувајќи кон јакнењето на поштенскиот сектор“ – додаде директорката Аврамоска Ѓореска.

            На свеченоста, директорката на Агенцијата за пошти додели

Признание за особен придонес во градењето и работата на Агенцијата за пошти на Собранието на Република Северна Македонија.

Признание за успешна соработка и поддршка на работата на Агенцијата за пошти на Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Признание зa особен придонес во јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија.

Признание на г-ѓа Лидија Велковска, новинарка од Медиумска Информативна Агенција, за успешна соработка и афирмација на работата на Агенцијата за пошти

Исто така директорката Аврамоска Ѓореска додели и Признанија за успешен придонес на пазарот на поштенските услуги на 5 даватели кои успешно работат и повеќе од 15 години и тоа: АД ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА , КАРГО ЕКСПРЕС БИТОЛА,ДХЛ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА, ИН ТИМЕ МК БПС и ПНЛ ТРАНСЛОГ.

Признание за особен придонес за развојот и работата на Агенцијата за пошти, беше дпделено на г-дин. Влатко Атанасоски, првиот директор на Агенцијата за пошти, кој од самото основање 10 години успешно раководеше со Агенцијата.

Директорката Аврамоска Ѓореска врачи  Благодарници по повод 15 години од основање на Агенцијата за особен придонес за развојот и успесите на Агенцијата за пошти на сите вработени во Агенцијата за пошти.

Воедно, на свеченоста беше промовирана и поштенска марка со мотив – „Лого на Агенцијата за пошти“. На иницијатива на Агенцијата за пошти, АД„Пошта на Северна Македонија“ ја издаде пригодната поштенска марка. Голема благодарност до директорката Бујаре Абази, Управниот одбор и до Бирото за филателија на АД„Пошта на Северна Македонија“ кое придонесе за изработката и издавањето на оваа марка со филателистичка вредност. 

На сите гости им беа врачени Прв ден пликоата со пригодната марка на кои е аплициран поштенски жиг, со дата 10 ноември 2023 година.

Image
14
Image
21
Image
12
Image
19
Image
13
Image
3
Image
17
Image
16
Image
22
Image
4
Image
2
Image
1
Image
6
Image
7
Image
8
Image
9
Image
10
Image
11
Image
15
Image
18
Image
20
Image
23
Image
5