Агенцијата за пошти учествуваше на 6-та регионална конференција за е-трговија
16.11.2023
Директорката Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за заштита на правата на корисниците и односи со јавноста, Ана Ковачевска учествуваа на 6 - та регионална конференција за е-трговија посветена на редефинирањето на е-трговијата во ерата на вештачка интелигенција, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).
Во фокусот на конференцијата беше искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција, нејзината улога во е-трговијата, како и редефинирање и трансформирање на целата индустрија.
Image
Image
Image
Image