Известување до корисниците на поштенски услуги
Во Агенцијата за пошти пристигнаа неколку пријави од граѓани кои информираа дека преку смс-пораки добиваат известувања од давателот на поштенски услуги АД„Пошта на Северна Македонија“, со содржини поврзани со достава на пратки и погрешна адреса за испорка.
Од проверките кои што ги направи Агенцијата за пошти, утврдено е дека како испраќач на овие смс-пораки се јавуваат меѓународни телефонски броеви, чии појдовни кодови се користат како SCAM-измами.
Во содржината на овие пораки приложени се и линкови кои водат до неовластени веб-старници кои не се поврзани со обезбедување на поштенски услуги.
Од причина што претпоставуваме дека се работи за неовластено користење и злоупотреба на лични податоци, препорачуваме да не ги отварате линковите кои се приложени во смс-пораката бидејќи се работи за измама.