Одржан 25-от пленарен состанок на Групата за европски поштенски регулатори (ЕРГП)

ergp

На 24 -ти ноември 2023 година во Букурешт, Романија се одржа 25-ти Пленарен состанок на Групата за европски поштенски регулатори (ЕРГП), под претседателство на       г-дин Петрос Галидес, заменик претседател на Комисијата за комуникации на Кипар (OCECPR), на кој учествуваше раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот Данијела Спасиќ Томовска.

На пленарниот состанок се усвои Програмата за работа за 2024 година, која ги дава задачите на ЕРГП за следната година. На пленарната беше споделена и информација за одржаниот Форум на засегнати страни во Брисел на 27 Септември. Од страна на претставникот на Европската Комисија, Роберт Почмарски беа споделени резултатите од Прашалникот поврзани со обезбедување на поштенските услуги на земјите членки на ЕГРП со Украина имајќи ги предвид настаните во оваа земја. Воедно, се дискутираше и за потребата за учество на ЕРГП како набљудувач на состаноците на Светскиот поштенски сојуз, имајќи предвид дека до сега претставниците на ЕРГП немаа свое учество на состаноците на СПС, а со тоа и немаа можност активно да го следат процесот на донесување одлуките на состаноците на СПС. Како набљудувач ЕРГП ќе биде во можност и да ги следи настаните, а и да дава свој придонес преку своите членки за развој на политиките и одлуките кои се во насока на развој на поштенскиот сектор.

Во рамки на состанокот се усвоија следните документи:

  • ЕРГП ПЛ II (23) 5 – Извештај за иднината на ЕРГП
  • ЕРГП ПЛ II (23) 22 – Извештај на ЕРГП за структура на подгрупи и алокација на испораки за 2024 година
  • ЕРГП ПЛ II (23) 6 – Извештај на ЕРГП за влијанието и моќноста на регулаторните тела ЕРГП ПЛ II (22) 14 – Извештај на ЕРГП за пристап до поштенската мрежа во контекст на развојна е-трговија:
  • ЕРГП ПЛ II (23) 9 – Извештај на ЕРГП за квалитет и заштита на корисници
  • ЕРГП ПЛ II (23) 10 – Извештај на ЕРГП за основни индикатори
  • ЕРГП ПЛ II (23) 28 – Извештај на ЕРГП за коминикациски план 2024

Пред одржувањето на пленарниот состанок, на 23-ти ноември беше одржана работилницата на тема одржливост на животната средина на која учесниците имаа свои излагања во контекст на изнаоѓање на начинот на кој поштенскиот сектор може да допринесе за намалување на CO2 во околината. На работилницата модератор беше д-р Спирос Пантелис, потпретседател на грчката Комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ), а своја презентација имаа и претставници на ВИК консултантската куќа, претставници од COMEOS Белгиска компанија за трговија и услуги, како и од страна на идниот претседавач на ЕРГП 2024, г - дин Дан Сјоблом дина, .На сите презентации главен фокус беше воведување на нови модели во обезбедување на поштенските услуги за намалување на загаденоста на околината: на пример поголема употреба на “parcel lockers“ во достава и во прием на поштенски пратки во урбани средини.

  1. За ЕРГП

ЕРГП (Група на европски поштенски регулатори) е составена од 27 национални регулаторни тела за поштенски услуги од ЕУ, како и национални регулаторни тела од земјите од Европската економска област и земјите со кандидатски статус за влез во ЕУ. ЕРГП ја советува и ѝ помага на Комисијата за развој на внатрешниот пазар за поштенски услуги и за доследна примена на регулаторната рамка за поштенски услуги во сите земји членки.