Издадено Општо овластување за внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај на давателот ЕУРО ЕНЕРГИ ДОО Тетово – Подружница ЕУРО КАРГО Тетово
Агенцијата за пошти на ден 17.11.2023 година издаде Општо овластување за внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај на давателот на поштенски услуги ЕУРО ЕНЕРГИ ДОО Тетово - Подружница ЕУРО КАРГО Тетово.
ЕУРО ЕНЕРГИ ДОО Тетово - Подружница ЕУРО КАРГО Тетово е давател на поштенски услуги од 01.12.2020 година кога се стекна со Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги во внатрешен поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија.
Агенцијата за пошти согласно член 39 став 7 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022) по нотификација УПI бр.02-142 поднесена од Друштво за трговија, производство и услуги ЕУРО – ЕНЕРГИ ДОО Тетово – Подружница ЕУРО КАРГО Тетово, на ден 17.11.2023 година издаде ново Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај.
Давателот на поштенски услуги ЕУРО – ЕНЕРГИ ДОО Тетово - Подружница ЕУРО КАРГО Тетово, врз основа на ова Општо овластување има право да обезбедува поштенски услуги во сите фази- прием, пренос, сортирање и дистрибуција, за:
- поштенски пратки до и над 2 килограми за внатрешен поштенски сообраќај:
- услуги за обични писма, и
- достава – лично на рака
- пакети до и над 10 килограми за внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај:
- препорачани услуги за пакети;
- експресни услуги за пакети;
- курирски услуги за пакети, и
- други поврзани услуги за пакети.
сите под условите наведени во Општото овластување, а во согласност со Законот за поштенските услуги и прописите донесени врз основа на тој закон.