КОЛПОРТЕР ПОСТ ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 25.04.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за услуги КОЛПОРТЕР ПОСТ ДОО Скопје.

Со Решение бр. 02-142/3 од   14.04.2025 година,  Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   Колпортер Пост ДОО Скопјепоради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со што Колпортер Пост ДОО Скопје, го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Поради губење на статусот на давател на поштенски услуги, Колпортер Пост ДОО Скопје е избришан од службената евиденција на даватели на поштенски услуги, согласно член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги.

Друштвото за услуги Колпортер Пост ДОО Скопје работеше во поштенскиот сектор од 03.10.2024 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти бр. 02-188/12, и претходно од 13.07.2015 година (како Пост Експрес Македонија ДОО Скопје) за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија.