ДИЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

 

Агенцијата за пошти на ден 16.10.2025 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за брза пошта ДИЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ Скопје.

Со Решение бр. 02-308/1 од   14.10.2025 година,  Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   Диливери Сервис Интернешенел ДООЕЛ Скопјепоради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со што Диливери Сервис Интернешенел ДООЕЛ Скопје, го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Поради губење на статусот на давател на поштенски услуги, Диливери Сервис Интернешенел ДООЕЛ Скопје е избришан од службената евиденција на даватели на поштенски услуги, согласно член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги.

Друштвото за брза пошта Диливери Сервис Интернешенел ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 10.02.2016 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти УПI бр.02-04, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај.