Осма регионална конференција за е-трговија

 

На 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје, се оддржа осмото издание на  Регионалната конференција за е-трговија, најголемиот регионален настан посветен на развојот на е-трговијата, организиран од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Под слоганот „Fasten the Future“, конференцијата и оваа година ја постави сцената за иднината на дигиталнaта економија, спојувајќи ги е-трговијата, маркетингот и вештачката  интелигенција како двигатели на растот на бизнисите.

На настанот присуствуваше Марина Тоневска директорка на Агенцијата за пошти и Ана Ковачевска, раководител на директоратот за заштита на правата на корисниците. Конференцијата собра над 850 учесници од повеќе од 10 земји, на која говореа повеќе од 25 учесници од водечки глобални, регионални и домашни компании.

За првпат, конференцијата се одвиваше паралелно на две сцени, главната сцена со 13 инспиративни обраќања и една e-commerce арена, hands-on сцената со 5 интерактивни практични сесии, нудејќи уникатно искуство што ги спојува инспирацијата и практиката, додека експо-зоната ги претстави најновите решенија од индустријата.

Фотографии во прилог.

 

slika1

 

slika2

 

 

slika3