Акција "Поштенско сандаче за секој дом"
30.11.2009
Почитувани граѓани,
За да се обезбедат услови за сигурна достава на Вашите поштенски пратки од страна на давателите на поштенски услуги и за да се зголеми нејзиниот квалитет, Агенцијата за пошти, според членот 55 од Законот за поштенски услуги, Ве потсетува на Вашата обврска за поставување на поштенски сандачиња:
- Ако немате сандаче - поставете ново !
- Ако постојното е оштетено - поправете го !
- Вашето сандаче мора да го носи бројот на станот, куќата или деловната просторија;
Заедно за сигурни поштенски услуги!