Натпревар на UPU во пишување писмо
Чешкиот победник на натпреварот на UPU во пишување писмо беше во Берн во петокот за да го прими златниот медал на церемонија која се одржа во централата на Светскиот поштенски сојуз.
Даниел Коркак од Острава им прочита извадоци од неговото писмо за тоа зошто водата е скапоцена на делегатите од земјите членки на UPU кои присуствуваа на Административниот совет.
Бишар Хусеин, генералниот директор на UPU, додека ја врачуваше наградата, му честиташе на Даниел за неговото постигнување. „Често нè прашуваат за важноста на ваков натпревар по пишување кога сме соочени со експлозија во дигиталната комуникација,“ рече Хусеин.
„Тоа нè враќа до темелната работа на UPU која сè уште е писмоносна пошта. Без разлика што и да правите во дигиталните комуникации, не можете да го постигнете тоа што овој млад човек го направил со кристализирање на неговите мисли и со запишување на хартија.“
Наградата на Даниел, освен златен медал и сертификат, вклучува и патување до Берн.
Средношколецот, кој тренира ракомет и се натпреварува во најдобрата лига во земјата, рече дека е многу среќен што победил на меѓународниот натпревар.
Запрашан дали има некој совет за младите писатели, рече: „Не се фокусирајте на тоа да победите на натпревари,туку едноставно уживајте во тоа што правите и во процесот на пишување.“
Темата на натпреварот во 2014 година е да се напише писмо во кое ќе се опише како музиката може да промени животи.
Видео од победникот Даниел Коркак