UPU - Регионална конференција
Поддршка на земјите од Европа и земјите од Централна Источна и Југоисточна Европа во реформите во поштенскиот сектор и развојните процеси преку методологијата на Светскиот поштенски сојуз
На 24 и 25 мај 2015 год. Агенцијата за пошти беше домаќин на Регионална конференција на Светскиот поштенски сојуз (UPU) и PostEurop. Тема на дводневната конференција беше „Поддршка на земјите од Европа и земјите од Централна Источна и Југоисточна Европа во реформите во поштенскиот сектор и развојните процеси преку методологијата на Светскиот поштенски сојуз“.
На Регионалната конференција зедоа учествуваат претставници од: Светски поштенски сојуз (UPU), PostEurop, Европскиот комитет на поштенски регулации (CERP), како и претставници од шест земји во регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција, Хрватска и Македонија.
Главни цели на Регионалната конференција беа:
- Креирање на платформа за размена на искуства и знаења во областа на поштенските операции и регулација помеѓу земјите во регионот,
- Улогата и значењето на владите институции во земјите во креирање на универзалната поштенска услуга,
- Промовирање на размена на регулаторни искуства помеѓу земјите во регионот,
- Поддршка на земјите при формулирање на IPDP пристапот во процесите на поштенските реформи.