Новогодишно изненадување
29.12.2015
Агенцијата за пошти и Театарот за деца и младинци на децата од Детскиот дом „11-Октомври“ им приредија забава по повод Новогодишните и Божиќни празници. Во театарот беше одиграна претставата „Лакомата меца“ во изведба на актерите Ана Левајковиќ Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Владимир Лазовски. По завршувањето на едукативната претставата децата беа изненадени од Дедо Мраз кој ги израдува и им подели новогодишни пакетчиња.
Image
Image
Image