Одлука за определување на вредност на поенот за пресметување на годишниот надоместок за 2020 година

26.05.2020

Комисијата на Агенцијата за пошти , постапувајќи врз основа на член 16 став (1) алинеја 5 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018 и 27/2019),  на состанокот одржан на 20.11.2019 година  донесе:

 

О Д Л У К А

за определување на вредност на поенот за пресметување на годишниот                         надоместок за 2020 година

 

  1. Вредноста на поенот за 2020 година изнесува 451,8498 денари.
  2. Вредноста на поенот од точката I. на оваа одлука, се применува при пресметување на годишниот надоместок за 2020 година.
  3. Оваа одлука е составен дел на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за  2020 година.
  4. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен Весник на Република Северна Македонија.

 

                                                                                                  ОБРАЗЛОЖЕНИЕ  

Комисијата на Агенцијата за пошти, на состанокот одржан на 20.11.2019 година ја разгледуваше Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2020 година и  ја определи вредноста на поенот за 2020 година како во диспозитивот.

При одлучувањето Комисијата ги зема предвид планираните активности и финансискиот план за наредната 2020 година како составен дел од Годишната програма за работа на Агенцијата, Извештајот со пресметани поени на пазарот на поштенските услуги со состојба 31.10.2019, како и 39 издадени заклучоци за поени, доставени до давателите на поштенски услуги до денот на одржување на состанокот на Комисијата.

Согласно член 28 став 7 од Законот, при пресметувањето на вредноста на поенот  Комисијата ги зема предвид ставките на трошоците од финансискиот план на Агенцијата за извршување на активностите и задачите планирани во програмата за работа на Агенцијата. Комисијата ги разгледа проектираните трошоци и соодветно на нив и приходите од финансискиот план, па оцени дека структурата и висината на планските и стандардните трошоци во финансискиот план на Агенцијата за пошти за календарската 2020 година и тоа како фиксните така и варијабилните, директно произлегуваат од планираните активности.

Констатира дека планираните регулаторни активности на Агенцијата за 2020 година, во значителен обем се однесуваат на активности и задачи поврзани со давателот на универзална услуга АД Пошта на Северна Македонија Скопје, соодветно на приоритетите при извршување на надлежностите на Агенцијата, во поглед на обезбедување непречено функционирање на универзалната услуга и следење на работата на националниот оператор. Мал дел од трошоците се за активности на Агенцијата кои се однесуваат на лиценцираните даватели на поштенски услуги во Република Северна Македонија и заштитата на правата на корисниците.

Финансискиот план за 2020 соодветно и пропорционално ги проектира трошоците за така планираните активности кои се рефлектираат и на планираните приходи. Па оттука износот на контото 750 – Сопствени приходи - приходи од годишен надоместок од давателите на поштенските услуги во Финансискиот план за 2020 година, изнесува 24.000.000,00 денари.

Комисијата оцени дека трошоците се оправдани, па соодветно на тоа и планираниот приход од контото 750 е доволна финансиска рамка за непречено извршување на конкретни активности на Агенцијата во 2020 година. Приходот планиран на овој начин е износот кој се дели со вкупниот број на поени на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија, согласно член 12 став 2 од Правилникот за начинот на определување на бројот на поени и на вредноста на поенот за пресметување на годишниот надоместок („Службен весник на Република Македонија бр.167/2010, 31/2013 и 155/2017).

Вториот елемент од кој зависи висината на вредноста на поенот во односната година, е вкупниот број на поени на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија, поради што Комисијата го разгледа и Извештајот со збирен број на поени на пазарот на поштенските услуги со состојба 31.10.2019, и констатира дека вкупниот број на поени на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија е правилно пресметан и утврден на 53.115 поен. Се констатира дека вкупниот број на поени на поштенскиот пазар е збир на бројот на поени за обезбедување на универзална услуга врз основа на Индивидуална дозвола и бројот на поени констатирани со заклучоци за секој од давателите на поштенски услуги, со следната структура:

-50.000 поени за АД Македонска пошта Скопје; 120 поени за Карго Експрес Битола; 145 поени за ДХЛ Експрес Македонија Скопје; 115 поени за ИН ТИМЕ МК БПС Скопје; 115 поени за ПНЛ Транслог ДООЕЛ Скопје; 175 поени за РСЕ Оптима Вите Скопје; 30 поени за Јокам Пошта 2011 Дебарца; 60 поени за ДРД Курир Скопје; 120 поени за Деливеримен Скопјe; 120 поени за ДелЦО Скопје; 145 поени за Брза Пратка Скопје; 30 поени за Мерџаноски ТП Тетово; 30 поени за Глобал Мессаге Скопје; 30 поени за ДМ – Јосифовски ДООЕЛ Прилеп; 50 поени за Прологис сервис Скопје; 40 поени за Екстра 03 Кавадарци; 60 поени за Балкан Деливери Сервис Скопје; 120 поени за ТПЛ Тотал Логистик Скопје; 60 поени за Бате Пере Експрес Скопје; 115 поени за Деливери Сервис Интернешенел Скопје; 75 поени за Пост Експрес Македонија; 60 поени за Ин Пошта Радески Скопје; 120 поени за Нова Пошта Скопје; 60 поени за Експрес пошта ДОО Струмица; 30 поени за Брза пратка Пост-М Логистик Тетово; 120 поени за Ваш Курир Плус Прилеп;  60 поени за АБЦ Пост ТП Гостивар; 120 поени за Премиум Деливери ДОО Скопје; 60 поени за Интернешенел Меил Деливери-ИМД ДООЕЛ Скопје; 60 поени за Блек Партнер Деливери ДОО увоз-извоз Скопје; 70 поени за М-Достава ДООЕЛ Скопје; 40 поени за Цикло Пошта ДООЕЛ Скопје; 45 поени за Еко Пошта ДООЕЛ Скопје; 175 поени за Еко Логистис Сервис ДООЕЛ Скопје; 30 поени за Анфиленд ДООЕЛ за подружница Брза пошта број еден Скопје; 90 поени за Сити Пошта ДООЕЛ Скопје; 60 поени за ВИП Пошта ДООЕЛ Скопје; 60 поени за Ин Тајм Пост ДООЕЛ Скопје; 40 поени за Мекс Пошта ДООЕЛ Скопје и 60 поени за Фалкон Логистик ДОО-подружница Фалкон Логистик Курир (ФЛЦ) Скопје.

Од се погоре наведено, Комисијата оцени дека вредноста на поенот е пресметана во согласност со начинот пропишан во членот 28 од Законот и членот 12 став 2 од Правилникот, поточно дека 451,8498 денари е количникот кој се добива кога 24.000.000,00 денари ќе се поделат со 53.115 поени, односно тоа е вредноста која се добива кога приходите од контото 750, ќе се поделат со вкупниот број на поени  на поштенскиот пазар.

Вредноста на поенот утврдена во оваа висина, ќе се применува при пресметување на годишниот надоместок за 2020 година.

Поради сето напред наведено, Комисијата одлучи како во диспозитивот, а  согласно член 28 став 7  од Законот за поштенските услуги.

 

       Бр. 02-298/9

20 ноември 2019 година

            Скопје                                                                                      Агенција за пошти

                                                                                                                       Комисија

                                                                                                  Борче Груевски, претседател, с.р.

Службен Весник
9/20 (15.01.2020)