Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2021 година
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, во согласност со надлежностите предвидени во Законот за поштенските услуги, врши надзор над спроведување над овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги, Директорката на Агенцијата за пошти донесе Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2021 година, кој ќе биде составен дел на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2021 година.
Годишниот извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2021 година ги сумира активностите кои се превземени согласно Годишната програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2021 година бр.01-278/1 од 22.12.2020 година, во насока на вршење на надзор над спроведување на одредбите на овој закон, прописите и другите општи акти донесени врз основа на законот.