Пратки за коресподенција – анализа и основни индикатори за намалување на нивниот обем на пазарот на поштенските услуги во Северна Македонија
Пратки за коресподенција – анализа и основни индикатори за намалување на нивниот обем на пазарот на поштенските услуги во Северна Македонија
На пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија во 2021 година забележан е континуитет во намалување на обемот на пратките за коресподенција. Обемот на пратките за коресподенција е 29,528,735, и тие сочинуваат 78,5% од вкупниот обем на поштенски пазар.
Во 2021 година, споредбено со 2020 година, вкупниот обем на пратките за коресподенција на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија е намален за 12.4%.
Намалувањето на бројот на пратките за коресподенција се должи пред се на дигитализацијата и технолошкиот развој. Развојот на е-commerce услугите на некој начин ги трансформира потребите на корисниците и бизнис секторот, што доведе до создавање на нови производи и услуги, особено во услови на пандемијата предизвикана од Ковид 19.
Имено, пратките за кореспонденција сѐ повеќе се заменуваат со електронски средства за комуникација, што резултираше голем дел од традиционални испраќачи на масовна пошта (деловни субјекти, институции), сè повеќе да ги прифаќаат електронските процеси и доставата да ја вршат на електронски начин.
. Остварен обем на пратки за кореспонденција во Република Северна Македонија во 2021 година
Движење на обем на пратки за кореспонденција на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија
Од вкупно остварениот обем на поштенски услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ во 2021 година кој изнесува 30.559.811, најголем процент, односно 90% се остварени од услуги за обезбедување на пратките за кореспонденција, а од нив 78,5% за обичните писма.
Обем на пратки за кореспонденција–Пошта на Северна Македонија 2016-2021 год
Имено, бројките покажуваат дека очигледен е падот на обемот на услугите за пратките за коресподенција во 2021 година споредбено со 2020 година за 15% кај давателот на универзалната услуга, како резултат на предизвиците од пандемијата, настапувањето на либерализацијата на пазарот во првото шестмесечие и повторното враќање на монополот во второто шестмесечие во 2021 година, воведување на електронско плаќање на сметки за електрична енергија и сметки за други комунални услуги, неконзистентните државни политика во изминатите периоди. И сето тоа предизвика намалување на обемот, пред се на писмата во внатрешен поштенски сообраќај.
Обем на пратки за кореспонденција кај давателите на поштенски услуги на слободниот поштенски пазар 2016-2021 година
Од вкупно остварениот обем на поштенски услуги кај давателите на поштенски услуги, во 2021 година, кој изнесува 7.057.100, 28,6% се остварени од услугите за обезбедување на пратките за кореспонденција.
Во 2021 година се бележи зголемување на пратките за кореспонденција кај давателите на слободниот пазар. Зголемувањето на пратките за кореспонденција кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар се должи пред се на шестмесечниот период на целосна либерализација на пазарот и ова зголемување е 42,9% повеќе во однос на 2020 година, но и на иновативниот пристап во обезбедување на услугите (пониски цени, повисок квалитет во доставата...).