Спроведени вонредни надзори над правни субјекти кои обезбедуваат поштенски услуги без Општо овластување, издадено од Агенцијата за пошти

Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, во согласност со надлежностите предвидени во Законот за поштенските услуги, врши надзор над спроведување над овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

Согласно член 76 од Законот, Агенцијата спроведе вонредени надзори врз основа сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 од ЗПУ, казнив по член 80 став 1 алинеја 4 од ЗПУ, врз следните правни субјекти:

  1. Друштво за логистички услуги Е КУРИР ДООЕЛ Скопје – поради обезбедување на поштенски услуги без општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон;
  2.  ПМ ПОСТМАН АНД ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје - поради обезбедување на поштенски услуги без општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.

Против правните субјекти издадени се Записници за извршен надзор и Записници за сторен прекршок, како и Прекршочни платни налози за правните лице на истите и Прекршочни платни налози за одговорните лица.