Поднесени рекламации за поштенски пратки кај давателите на поштенски услуги во 2021 година

Корисниците на поштенски услуги имаат право да поднесат писмени рекламации до давателите на поштенски услуги. Корисниците можат да се јават во својство на испраќачи и примачи на поштенски пратки.

Испраќач на поштенска пратка има право да поднесе писмена рекламација до давателот на поштенските услуги во рок од три месеци од денот на испраќање на пратката.

Примачите на поштенска пратка имаат право да поднесат рекламација во следните случаи:

  1. За оштетување кое е видливо од надвор примачот има право да поднесе рекламација веднаш при приемот на пратката или да одбие прием
  2. За оштетување кое не е видливо однадвор, примачот, може да поднесе рекламација, по правило, првиот нареден работен ден од денот на приемот на пратката, при што треба да докаже дека оштетувањето или намалувањето на содржината на поштенската пратка настанало пред нејзиното врачување.

Доколку корисникот на поштенските услуги не поднел рекламација во предвидениот рок го губи правото за надоместок на штета.

Давателот на поштенски услуги е должен да прими рекламација и да одговори на поднесена рекламација:

  1. Во рок од 30 дена за поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај;
  2. Во рок од два месеца за поштенски пратки во меѓународниот поштенски сообраќај.

           Во 2021 година поднесени се вкупно 1890 рекламации кај давателите на поштенски услуги, од кои 1006 рекламации  кај давателот на универзалната услуга и 884 рекламации кај останатите даватели на поштенски услуги.  Споредбено со 2020 година во однос на поднесените даватели на поштенските услуги има зголемување за 12.6%.

Поднесени рекламации кај давателот на универзалната услуга и кај даватели на поштенски услуги на слободниот пазар

Reklamacii-2022

Кај давателот на универзалната услуга во 2021 година корисниците поднеле 1006 рекламации, што преставува зголемување за 1,3 % во однос на 2020 година. Најголем процент  на поднесени рекламации се однесуваат за изгубени поштенски пратки.

Во 2021 година бројот на рекламации кај давателите на поштенски услуги  слободниот пазар изнесува 884, што преставува зголемување за 29%. Рекламациите најмногу се поднесуваат за оштетени или изгубени поштенски пратки.