Спроведени вонредни надзори над даватели на поштенски услуги
21.07.2022
Спроведени вонредни надзори над даватели на поштенски услуги
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, во согласност со надлежностите предвидени во Законот за поштенските услуги, врши надзор над спроведување над овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
Согласно член 76 од Законот, Агенцијата спроведе вонреден надзор врз следниве даватели на поштенски услуги:
- Врз основа на поднесена иницијатива од корисници над ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје, со предмети:
- спроведување на член 41 став 2 од ЗПУ, казнив по член 80 став 1 алинеја 5 од ЗПУ - обезбедување поштенски услуги кои не се наведени во општото овластување; и
- на барање на овластеното лице не ги даде сите потребни информации, податоци и документација согласно со членот 77 став (3) алинеја 2, казнив по член 80 став 1 алинеја 21.
- Врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) над Б ПОСТ ДООЕЛ Скопје со предмет пренесување права и обврски на друго правно лице спротивно на член 43 став 2 од ЗПУ, казнив по член 80 став 1 алинеја 6 од ЗПУ.
Против наведените даватели на поштенски услуги издадени се Записници за извршен надзор и Записници за сторен прекршок, како и Прекршочни платни налози за правните лице на истите и Прекршочни платни налози за одговорните лица.