Известување до корисниците на поштенски услуги

Во периодот од 31.08. до 02.09.2022 година,Агенцијата за пошти ќе ја организира работата и начинот на работа на вработените, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормално функционирање на институцијата.

Имено,силното невреме кое на 30.08.2022 година го зафати централното  подрачје на град Скопје проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар, предизвика поплава во просториите на Агенцијата за пошти.

Силното невреме предизвика големи материјални штети кои го отежнуваат нормалното функицонирање на Агенцијата,и затоа начинот на работење на вработените ќе биде организиран  преку работа од дома. car

Вработените на Агенцијата ќе бидат целосно достапни за потребите на граѓаните и комуникацијата и координацијата ќе се одвива преку електронските  пошти на вработените наведени во Организациони единици | Агенција за пошти (ap.mk) и на службената  електронска адреса[email protected],со цел непречено извршување на работните активности, согласно настанатата состојба.