Претставници на Агенцијата за пошти ќе учествуваат на Форумот за сите чинители во поштенскиот сектор на Европската група за поштенски регулатори (ЕРГП)

ergp

На 30 септември 2022 година, во Брисел, Белгија ќе се одржи третиот „Форум за сите чинители во поштенскиот сектор“ на Европската група за поштенски регулатори (ЕРГП). Форумот преставува значајна средба на преставниците на регулаторните тела и на поштенскиот сектор.  На Форумот ќе се дискутира за идниот развој на поштенската регулатива, како и за Предлог – Програмата на ЕРГП за 2023 година и Предлог Средорочната Стратегија за 2023 -2025 година на ЕРГП кои моментално се на јавна консултација и ќе бидат усвоени на Пленарниот состанок на ЕРГП кој ќе се одржи во ноември 2023 година.

На Форумот ќе присуствуваат директорката на Агенција за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за заштита на правата на корисниците и односи со јавноста.