Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ИН ПОШТА РАДЕВСКИ ДООЕЛ Скопје

Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија’’ број  158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор (,,Службен весник на Република Македонија’’ број 171/2011), врз основа на  Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ИН ПОШТА РАДЕВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Надзорот го опфати спроведувањето на член 38 став 1 од Законот за поштенските услуги, како и спроведувањето на другите подзаконски акти и правата и обврските имплементирани во Општото овластување за обезбедување на поштенски услуги. За спроведениот надзор изготвен е Записник УП I бр.02-65, од 29.09.2022 година, и не е констатиран прекршок.