Завршна мисија за оцена на Твининг Проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти“

Twinning P.

Во периодот од 29 мај до 01 јуни 2023 година, Агенцијата за пошти беше домаќин на консултантите – експерти од поштенската област од Република Хрватска кои беа задолжени за спроведување на мисијата за оцена на Твининг проектот (Twinning Review Mission). Во рамки на мисијата беа оценувани резултатите и активностите на 4-те компоненти кои беа составен дел од Твининг проектот.

На  4-дневните активностите учествуваа покрај вработените на Агенцијата за пошти, и претставници на Министерството за транспорт и врски и АД „Пошта на Северна Македонија“, (кои беа дел од учесниците и на Твининг проектот).

За потсетување, во периодот од декември 2018 година до јуни 2020 година, Агенцијата за пошти беше носител, односно главен корисник на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти“, финансиран од Европската Унија.

 

Twining

 

01.06.23