Презентирана Анализа на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие на 2023 година
Анализата на пазарот на поштенки услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие на 2023 година содржи податоци за обемот и видот на пратките, подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.
Воедно, Анализата ги илустрира состојбите на поштенскиот пазар, комбинирајќи ги податоците од првото полугодие од 2023 година, со компаративен пристап на податоците од првото полугодие од 2022 година, и на тој начин дава слика за вкупниот развој на поштенскиот сектор за наведениот период.
Податоците содржани во извештаите за обезбедување на поштенски услуги, кои давателите на поштенските услуги ги доставуваат два пати годишно, Агенцијата за пошти ги користи за изготвување на анализи за состојбата на пазарот на поштенски услуги со цел креирање на политики и мерки во насока на одржување на реален систем на регулација.
Анализата е достапна на веб страницата во делот Анализа: Статистички извештаи