Донесен Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010,27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016,64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесе Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година.
Годишниот извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година ги сумира активностите кои се превземени согласно Годишната програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година бр.01-276/1 од 20.12.2022 година, во насока на вршење на надзор над спроведување на одредбите на овој закон, прописите и другите општи акти донесени врз основа на него, а особено врз:
- пристапот до универзалната услуга;
- квалитетот на обезбедување на универзалната услуга;
- обезбедување пристап до поштенската мрежа;
- примена на цените на универзалната услуга;
- имплементација на сите акти донесени од страна на Агенцијата;
- над други работи утврдени со овој закон и над прописите и другите општи акти донесени врз основа на него.
Годишен извештај за вршење на надзор на Агенција за пошти за 2023 година