ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги.

Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за промет и услуги ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје.

Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги   ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопјепоради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со Решение бр. 02-362/3 од   17.12.2025 година. Од тој датум ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Поради губење на статусот на давател на поштенски услуги, ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје е избришан од службената евиденција на даватели на поштенски услуги, согласно член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги.

Друштвото за промет и услуги ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје, работеше во поштенскиот сектор од 25.02.2025 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти бр. 02-56/6 за обезбедување поштенски услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај, и претходно од 14.05.2015 година.