Република Северна Македонија заради јавниот интерес гарантира на секој корисник обезбедување на универзална услуга а со утврден квалитет по пристапни цени на целата територија на Република Северна Македонија.
Универзалната услуга опфаќа:
- прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки со тежина до 2 кг
- прием, пренос, сортирање и дистрибуција на пакети со тежина до 10 кг
- препорачани поштенски пратки и пратки со означена вредност
- прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки за слепи лица и за лица со делумно оштетен вид.
Квалитетот на универзалната услуга гарантира обезбедување на универзалната услуга секој работен ден, но не помалку од пет пати неделно, најмалку едно собирање и една достава на поштенските пратки во станот или во просториите на секое правно или физичко лице.
Квалитетот на универзалната услуга е уреден со Правилникот за барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење.