Секој корисник на поштенски услуги има право на приговор на одлука или на постапка преземена од давателот на поштенски услуги во врска со пристапот до услугите и обезбедувањето на услуги.
- Корисникот може да даде приговор до давателот на поштенските услуги во рок од 30 дена од денот кога ќе дознае за одлуката или постапката на давателот на поштенските услуги.
- Давател на поштенски услуги е должен да прими и да одговори на приговор од корисник во рок од 30 дена од приемот, а ако не го стори тоа, корисникот кој ги исполнил своите обврски кон давателот на поштенски услуги, може да поднесе управен приговор до Агенцијата во дополнителен рок од 15 дена, доколку се уште траат основот и причините поради кои бил поднесен приговорот до давателот на поштенските услуги.