Агенцијата за пошти се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ  СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЧИСТИ СО НЕ БИДИ ЃУБРЕ“

Вработените во Агенцијата за пошти денеска се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“. 

Тие го чистеа просторот околу железничката станица  - Скопје.

Отпадот што беше собран, вработените го селектираа на пластичен и на друг отпад во посебни ќеси за смет. 

Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации. 

Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Н.Е. Самуел Жбогар. 

Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.

Image
АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ  СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЧИСТИ СО НЕ БИДИ ЃУБРЕ“