Брошура “Е-трговија и сигурна достава на поштенски пратки”

Брошура “Е-трговија и сигурна достава на поштенски пратки”

Агенцијата за пошти изработи кратка брошура  “Е-трговија и сигурна достава на поштенски пратки” која ги  содржи основните информации кои имаат за цел да ги  информираат корисниците на поштенските услуги  како до сигурна достава на нивните поштенски пратки. Имено, корисниците на поштенски услуги пред да направат избор на давател на поштенски услуги чии услуги планираат да ги користат, треба првенствено да се запознаат со условите за користење. Брошурата дава објаснување и за начинот на остварување безбедно онлајн купување.