Прва годишна сесија на Советот на администрација на Светскиот поштенски сојуз

Upu 2022

Во периодот од 16 мај до 20 мај 2022 година, во градот Берн - Швајцарија се одржува Првата годишна сесија на Советот на администрација (Council of Administration- CA) на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal union-UPU).

Советот на администрација се состои од 41-на земја членка и се состанува годишно во седиштето на Светскиот поштенски сојуз во Берн.

Советот обезбедува континуитет на работата на Светскиот поштенски сојуз помеѓу неговите конгреси, ги надгледува неговите активности и ги проучува регулаторните, административните, законодавните и правни прашања.

На првата годишна сесија присуствуваат и претставници од Агенцијата за пошти кои со физичко присуство ги следат работните состаноци на Советот на администрација.

 

UPU