18-ти Јавен состанок на Агенцијата за пошти

 

18-ти Јавен состанок на Агенцијата за пошти

Почитувани,

Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 18-иот Јавен состанок, кој ќе се одржи на 08.06.2022 (среда) со почеток во 11 часот во конференциската сала на Хотел „Солун“ во Скопје.

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Јавниот состанок ќе го има следниот дневен ред:

  1. Статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2021 година;
  2. Информација за Јавна расправа за измена на Правилникот за содржина и форма на нотификација и потребната документација која се доставува со нотификацијата.

Во прилог е Агендата за настанот.

 

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следната е- маил адреса [email protected]  или телефонски на 3 212-107, најдоцна до 07.06.2022 година (вторник)