22-ри Пленарен состанок на Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП)

ergp

Во период од 30-ти јуни до 1-ви јули 2022 година во Мадрид, Шпанија, Eвропската група на поштенски регулатори го одржа првиот пленарен состанок за 2022 година, под претседателство на  проф. др. Маријано Бацигалупо Сагезе, член на одборот на директори на Шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција, со поддршка на потпретседателите др. Спирос Пантелис, потпретседател на Комисијата за телекомуникации и пошти на Грција и мр. Петрос Галидес, заменик претседател на Канцеларијата за регулација на електронски комуникации и поштенски услуги на Кипар.

На пленарниот состанок  се дискутираше за Нацрт-програмата за работа на ЕРГП за 2023 година, земајќи ги предвид трите стратешки столба на Нацрт - среднорочната стратегија на ЕРГП за 2023-2025 година, која исто така беше презентирана.Нацрт - програмата, како и Нацрт -среднорочната стратегија ќе бидат доставени за јавна консултација од 8-ми јули до 8-ми октомври 2022 година.

Стратешките столбови се: (1) ревизија на законската рамка на поштенскиот сектор поглед на еколошката одржливост и дигитализација, (2) промовирање на единствен европски конкурентен поштенски пазар во контекст на зголемени испораки за е-трговија и (3) зајакнување на правата на крајните корисници и осигурување на универзална услуга ориентирана кон корисниците.

Пленумот, исто така, ја поддржа потребата за ревизија на Директивата за поштенски услуги и верува дека Чешкото Претседателството може да одигра значајна улога во овој процес.

Дополнително, Пленумот забележа дека работата на сите подгрупи напредува како што е предвидено. Понатаму, Пленумот го усвои за објавување следниот извештај: ERGP PL I (22) 13- Анализа на член 6 од Регулативата (ЕУ) 2018/644 за прекугранични услуги за испорака на парцели. Извештајот ќе биде јавно објавен на веб-страницата на ЕРГП.

На 30-ти јуни, пред пленарниот состанок, ЕРГП одржа интерна работилница за стратегии и регулатива за одржливост. Поштенските оператори, други експерти од поштенската индустрија и академскиот свет ги споделија своите неодамнешни искуства и препораки за понатамошно промовирање на еколошката одржливост во поштенскиот сектор, проследено со конструктивна размена и регулаторна дебата помеѓу членовите на ЕРГП.

За ЕРГП

ЕРГП (Европска група за поштенски регулатори) е составена од 27 национални регулаторни органи (НРА) за поштенски услуги на ЕУ, како и национални регулаторни органи од земјите од Европската економска област и земји со статус кандидат за пристапување во ЕУ.ЕРГП ја советува и помага Комисијата за развојот на внатрешниот пазар за поштенски услуги и за доследна примена во сите земји-членки на регулаторната рамка за поштенски услуги.

https://www.linkedin.com/company/ergp-the-european-regulators-group-for-postal-services/