Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз
06.05.2016
Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“.
Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата одлучи да пофали уште 5 писма.
АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ГИ ОБЈАВУВА ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА И ПОФАЛЕНИТЕ НА КОНКУРСОТ:
- Марија Додовска - VIII/1 одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје
Пофалени писма:
- Јана Петрова - IX б одделение во ОУ „Вера Циривири Трена“- Скопје
- Сара Стојановска - IX б одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Македонска Каменица
- Нита Јакупи - VII 7 одделение во ОУ „Единство“- Гостивар
- Елма Незири - VII 7 одделение во ОУ „Единство“- Гостивар
- Флориана Алиу - IX 4 одделение во ОУ „Наум Фрашери“- Кичево
Победничкото писмо што беше пратено на меѓународниот конкурс може да го видите тука.