Соопштение во врска со недозволено обезбедување на поштенски услуги од страна на правни субјекти кои не поседуваат Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти

Врз основа на следење на состојбата на поштенскиот пазар во земјата, Агенцијата за пошти детектира случаи на обезбедување на поштенски услуги од страна на правни субјекти кои не поседуваат Општо овластување издадено од Агенцијата.

           

Правни субјекти кои работат без дозвола односно не поседуваат Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги - издадено Агенцијата за пошти:

  1. РОЈАЛ ПОСТ СкопјеNo photo description available.

  1. ПМ ПОСТМАН АНД ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје

  1. Друштво за логистички услуги Е КУРИР ДООЕЛ Скопје Logo

Description automatically generated

  1. ИЗИ ПОСТ ДООЕЛ Скопје Easy Post

            Агенцијата за пошти ги предупредува сите субјекти кои обезбедуваат поштенски услуги без издадено Општо Овластување од страна на Агенцијата, дека против истите ќе бидат преземени сите со закон пропишани мерки и санкции.

            Агенцијата за пошти напоменува дека обезбедување на поштенски услуги  без Општо Овластување издадено од Агенцијата претставува прекршок за кој согласно Законот за поштенските услуги се изрекува глоба во висина до 5.000 евра во денарска противвредност за правно лице и глоба во висина од 750 евра во денарска противвредност за физичко лице.

Поради сето горенаведено, Агенцијата апелира граѓаните да внимаваат од кои правни субјекти користат поштенски услуги,особено поради фактот што доколку услугите ги користат од правни субјекти кои немаат Општо овластување издадено од Агенцијата, во иднина, нема да бидат во можност да ги остварат правото на рекламации и приговори кои се однесуваат на обезбедувањето на поштенски услуги по претходно утврдени протоколи во согласност со Законот за поштенските услуги, во случај на губење, оштетување или ограбување на поштенските пратки.

Агенцијата за пошти ги информира граѓаните дека на веб страницата на Агенцијата (www.ap.mk) може да се информираат за сите субјекти кои се овластени да обезбедуваат поштенски услуги во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај. Регистарот располага со повеќе информации за давателите на поштенски услуги тргнувајќи од целосниот назив на правното лице, типот на дозвола што ја поседува, датум на издавање на дозволата, подрачје на вршење на услугите, видот на поштенски пратки што го испорачува, какви услуги нуди потоа, и содржи адресни податоци за седиштето и за регистрираното седиште.