Минимално зголемување на приходите од обезбедување на поштенски услуги во 2021 година
Вкупниот приход од обезбедување на поштенските услуги од страна на давателите на поштенски услуги во 2021 година споредбено со 2020 година е зголемен за околу 1.4%, односно за 4% во однос на 2019 година. Се воочува дека приходот не е намален, и покрај намалувањето на обемот на пратките за коресподенција, што укажува на фактот дека приходот се генерира од други услуги, пред се од пакетските услуги, како и заради зголемување на цените на поштенските услуги.
Имено, намалувањето на вкупниот обем на услугите во 2021 година нема влијание на остварениот приход кој во корелација со 2020 година бележи минимално зголемување што е резултат на зголемениот обем на пакети, како и на услугите со додадена вредност, кои имаат повисока цена, и се претпоставува дека токму овие услуги имаат придонес да нема намалување во вкупно остварениот приход.
Движење на приходи