Пополнување на Царинската декларација CN22/23
Давателот на универзалната услуга – АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници за начинот на пополнување на царинската декларација CN22/23.
Целиот текст:
При секое испраќање на пратка која содржи стока надвор од државата, а заради проценка на ризик и забрзување на царинската постапка во одредишната земја, потребно е да пополните царинска декларација образец CN 22/23.
Царинската декларација е задолжителен царински документ што мора да се прикачи на пратките со содржина стока кои треба да се достават надвор од државата.Царинската декларација содржи информации за стоката што ја испраќате, како што е количина и детален опис на содржината, поединечна тежина на секоја стока/производ, нивната вредност, HS (Нarmonized Сodes-Усогласени Кодови) код/број (опционално), Земја на потекло на стоката и др.
Која е разликата помеѓу двете царински декларации?
За поштенски пратки чија вредност не надминува 300 DTS (1 DTS =73,00 денари) е потребна царинска декларација CN22, додека пак за поштенски пратки чија вредност надминува 300 DTS (1 DTS =73,00 денари) е потребна царинска декларација CN 23. Бројот на царинските декларации е пропишан за секоја одредишна земја.
Зошто и како треба да се пополни царинската декларација?
Царинската декларација треба да се пополи на англиски, француски јазик или на официјалниот јазик што се говори во одредишната земја. Царинската декларација треба да се пополни целосно и читко, со точни податоци по видови и вредност на стоките/ предметите што ги содржат пратките. Во спротивно, може да дојде до доцнење во отпремата на пратката и до други непријатности за примачот. Секоја невистинита или двосмислена информација во декларацијата може да доведе до парична казна за испраќачот на пратката или до запленување на пратката од надлежниот царински орган.
Воедно стоките/ предметите кои ги испраќате можат да бидат предмет на ограничувања. Затоа треба да се информирате за прописите за увоз и извоз (забрани, ограничувања, како што е карантин, ограничувања за фармацевтските производи, итн.) како и за документите (комерцијална фактура, потврда за потекло, санитарна потврда, дозвола, овластување за стоки кои подлежат на карантин (производи од животинско, растително потекло, прехранбени производи, итн.) кои евентуално би ги побарала одредишната земја.
Податоци кои треба да ги пополните на царинската декларација
CN 22
Целосното име, презиме и назив, адреса на примачот и испраќачот мора да се наведат на предната страна на пратката.
Назначен оператор: Република Северна Македонија на англиски или француски јазик;
За комерцијалните пратки, потребно е задолжително да ги пополните полињата означени со ѕвездичка (*) и да ја прикачите фактурата на надворешната страна на пратката за да и се помогне на Царината во обработката на пратките.
Наведете ја причината за извоз. („Подарок“ не е прифатлива причина за извоз на
комерцијални пратки).
(1) Да се даде детален опис и количина на содржината на пратката (генерички опис како «облека» не е прифатлив), да се прецизира видот на стоката (ако е облека кој вид на облека здолниште, панталони, чорапи итн), количината и единицата-мерка што се користи за секој предмет (на пр.«две памучни машки кошули»).
(2), (3) Да се наведе тежината и вредноста со валутата за секој предмет, на пр.CHF за швајцарски франци.
(4*) Тарифниот број од HS код (со шест цифри) се заснова на Усогласениот систем за означување и кодификација на стоки изготвен од Светската царинска организација (опционално доколку му е познат на испраќачот).
(5*) Поимот «земја на потекло» ја означува земјата од каде што потекнува стоката, на пр. земјата во која била произведена, изработена или составена.
(6), (7) Да се наведе вкупната вредност и тежина на пратката.
(8) Датумот и вашиот потпис со кој ја потврдувате вашата одговорност за пратката, односно дека информациите дадени во декларацијата се точни и дека пратката не содржи опасни предмети или предмети забранети со закон со поштенските или царинските прописи..