Зголемени приходи од обезбедување на поштенски услуги на давателите на поштенски услуги во 2022 година

th

Вкупниот приход од обезбедување на поштенските услуги од страна на давателите на поштенски услуги во 2022 година, споредбено со 2021 година е зголемен за 13.3%, односно за 14.9 % во однос на 2020 година. Се воочува дека приходите не се намалени и покрај намалувањето на обемот на пратките за коресподенција, што укажува на фактот дека приходите се генерираат од други услуги, пред се од пакетските услуги, како и од услугите со додадена вредност, кои имаат повисока цена.

Движење на приходите кај давателите на поштенски услуги за период 2016 – 2022 година

Приходи

 

Остварените приходи во поштенскиот сектор во однос на вкупно остварените приходи во Република Северна Македонија изнесува 0.3 %.

Давателот на универзална услуга АД „Пошта на Северна Македонија“ во 2022 година има зголемување на приходите за 17.1 % споредбено со 2021 година.

Движење на приходите кај давателот на универзална услуга за период 2016 – 2022 година

Приходи1

 

Давателите на поштенски услуги во 2022 година имаат зголемување на приходите за 10.2 % споредбено со 2021 година.

Движење на приходите кај давателоте на поштенски услуги за период 2016 – 2022 година

Приходи2