Брошура за „Употреба на ИТ технологија во македонскиот поштенски сектор”

2

Употреба на ИТ технологија во македонскиот поштенски сектор е насловот на новата  брошура во издание на Агенцијата за пошти.

Во брошурата на лесен и разбирлив начин се презентираат и анализираат податоците кои што се однесуваат на употребата на ИТ-технологија од страна на македонските даватели на поштенски услуги, кои имаат добиено Општо овластување од Агенцијата за пошти.

Конкретно, предмет на разгледување и анализа се податоците кои даваат сознанија за користење на технологиите како Track & Trace – системи, бар код и QR- кодови, мобилни читачи и мобилни пост-терминали за наплата на поштарина. Воедно, објаснети се дефинициите за споменатите ИТ-технологии, како и состојбата на македонскиот поштенски сектор.

Брошура