Анализа на капацитетите на новите даватели на поштенски услуги 2021 – 2023 година
Анализата на капацитетите на новите даватели на поштенски услуги 2021 – 2023 година има задача да „ги пронајде„ потенцијалите за дополнителен раст во поштенскиот сектор и компетитивните предности на новите 8 даватели на поштенски услуги кои добија Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги од Агенцијата во последните 3 години.
Експертизата на еден сублимиран начин покажува со кои капацитети правните субјекти ја започнале економската активност и колку во меѓувреме се развиле, вклучувајќи и некои индикатори за вкупните зафакања на оваа група даватели на поштенски услуги на поштенскиот пазар.
Анализата е направена врз основа на податоци за капацитетите на 8 нови даватели на поштенски услуги кои добиле Општо овластување за обезбедување на различен вид локални, национални и меѓународни поштенски услуги во 2021 година, 2022 година и 2023 година. Податоците се добиени од давателите, но истовремено се користени дополнителни податоци прибавени при вршење редовни и вонредни надзори кај некои од овие даватели. За капацитетите на давателите на почетоците, користени се податоци од службените списи на Агенцијата, прибавени во постапките за лиценцирање на давателите.