Живко Поповски – Цветин во посета на Агенцијата за пошти
Живко Поповски – Цветин, познатиот македонски хуманист и уметник, воедно и долгогодишен пријател на Агенцијата за пошти, беше во посета на институцијата.
Поводот за неговата посета беше одбележување на неговиот јубилеј 40 години од писмото на Мајка Тереза упатено до Цветин, во кое меѓу другото таа напишала „Бедните се секаде околу нас- осамените, несаканите. Биди љубезен и прави им добрина на оние блиску до тебе. И чувај ја радоста на сакањето на Исус во твоето срце бидејќи ТОЈ е верен.“
На средбата, уметникот Цветин на дамите од Агенцијата им подари негови уметнички дела со мотив „Цвеќето на мирот“, а на директорот Сретен Миладиноски му подари и примерок од споменатото писмото (отпечаток од оригиналот од 21.03.1984 година) со посебна посвета.
На драгиот Цветин му посакуваме доборо здравје, многу јубилеи и долги години успешна хуманитарна работа!